back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
дома(Видео) Пукна...

(Видео) Пукна брана во Русија, вонредна состојба – има мртви, повредени и исчезнати

Најмалку едно лице загина утринава кога привремена брана пукна на Беломорско-балтичкиот канал во Карелија во северозападна Русија, соопшти регионалниот јавен комитет за активност и безбедност на населението, повикувајќи се на прелиминарни информации.

Уништени се 13 куќи, едно лице загина, а девет се повредени. Седум лица, меѓу кои и три деца се спасени“, се наведува во соопштението.

Четири лица се водат за исчезнати. На почетокот се пишуваше за шест исчезнати лица, но двајца се пронајдени. Службите за итни случаи на терен обезбедуваат помош за ранливото население.

Инаку, привремената брана е поставена поради работи на реконструкција на каналот. Денешното пукање на браната е втор ваков инцидент во Русија во последните неколку дена.

 

Текстот (Видео) Пукна брана во Русија, вонредна состојба – има мртви, повредени и исчезнати е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари