back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Отровна хемикалија, формалдехид била присутна во операционите сали на Хирургија!?

Министерот за здравство Арбен Таравари  вели дека тоа уште е е официјално потврдено. Тој се надева дека наскоро ќе се реши овој проблем во интерес на сите, најмногу за пациентите. Изложувањето на формалин кај луѓето може да предизвика сериозни алергиски реакции на кожата, очите и респираторниот тракт и да предизвика проблеми со дишните патишта како што се астма и иритација на кожата, како што се дерматитис и чешање. Формалдехидот е класифициран како канцероген од групата 1 од страна на IARC, што значи дека е канцероген за луѓето.

 

 

Има сознанија дека формалдехид е пронајден во мали колични во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје. Засега официјално тоа не е потврдено, но како што објасни денеска министерот за здравство Арбен Таравари ваков допис за потврда на формалдехид се уште нема пристигнато во Министерството. Министерот се надева дека наскоро ќе се реши овој проблем во интерес на сите, најмногу за пациентите.

– Веќе работиме на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Се надевам што поскоро да го решиме овој проблем и да не зборуваме веќе за вакви теми, коишто се непријатни и неубави за сите граѓани, бидејќи создаваат ситуација на несигурност кај пациентите, вели Таравари.

Граѓаните  прашуваат како да бидат мирни кога досега не се споделува во јавноста дека имало формалдехид. Според последните мерења на први јули  годинава воздухот во операционите сали отстапува од европските стандарди.

– Што и да ви кажам ќе биде неформално, неточно, несигурно. Причекајте, ние сме транспарентни, сето тоа што го добиваме, го споделуваме со јавноста, рече Таравари. 

Тој повторно кажа дека во моментов функционираат повеќе од половина хируршки сали во Клиничкиот центар и летниот период ќе се менаџира ситуацијата со „8 Септември“ и Градска болница „Св. Наум Охридски“.

Операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба, по што беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда. На 26 јули, министерот Таравари најави нов тендер за набавка на компресорски систем за Клинички центар кој ќе биде подготвен во Министерството за здравство со цел да ја заврши процесот  што побргу.

-Не можам да кажам со сигурност дека ќе се пријави или нема да се пријави фирма која ќе го исталира системот. Ако не тогаш ќе одиме на опција да побараме некој кој може да го работи, да стопанисува со компресорската станица и да се договориме директно – Министерството со изведувачот, изјави Таравари.

Инаку, формалдехид или формалин е високо токсична хемиска супстанца,кое е опасно ако се вдиши, бидејќи дирекно предизвикува реакции кај имунолошкиот систем. Изложувањето на формалин може да предизвика сериозни алергиски реакции на кожата, очите и респираторниот тракт и да предизвика проблеми со дишните патишта како што се астма и иритација на кожата, како што се дерматитис и чешање. Формалдехидот е класифициран како канцероген од групата 1 од страна на IARC, што значи дека е канцероген за луѓето.

Формалдехидот е посредник во оксидацијата (или согорувањето) на метан, како и на други јаглеродни соединенија, на пр. во шумски пожари, автомобилски издувни гасови и тутунски чад.

Министерството за здравство, заедно со Клиниката за гастроентерохепатологија и „Хепар Центар“ – Битола по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, почна заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

По тој повод, министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети мобилната единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде почнува бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб.

Како што информира Министерството за здравство, националната кампања ќе се реализира во десет градови низ државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести: црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

(В.Ма.)

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари