back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТ🎥 Ердоган шла...

🎥 Ердоган шлапна дете за да му бакне рака

Снимка на која се гледа како турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му удира шлаканица на мало момче затоа што не му ја бакнува раката, предизвика бурни реакции на интернет.

Инцидентот се случи за време на церемонијата на доделување на куќите кои се обновени како дел од урбаната трансформација во северната провинција Ризе.

По говорот, Ердоган им ги предаде клучевите од куќите на сопствениците.

Две деца од едно семејство излегоа на сцената пред нивните родители. Ердоган им ја подаде раката на децата за да му ја бакнат.

Кога малото момче застанало на неколку секунди и само зјапало во претседателот, тој му удрил шлаканица да го потсетил да му ја бакне раката.

Ова не е првпат Ердоган да биде снимен како на ваков начин „опоменува“ деца.

Во една прилика удри момче кое побара од него да му се потпише на дресот. Минатата година тој јавно му удри шлаканица на внукот, но подоцна изјави дека го „погалил“.

The post 🎥 Ердоган шлапна дете за да му бакне рака appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари