back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТЧЕКАЊЕ РЕД ЗА...

ЧЕКАЊЕ РЕД ЗА ОПЕРАЦИЈА СО ГОДИНИ: Во Србија околу 67.500 граѓани не можат да дојдат на ред за хируршка интервенција

Во Србија околу 67.500 граѓани чекаат некаква хируршка интервенција, а во зависност од институцијата се чека во просек од пет месеци до четири години, покажуваат податоците на Здружението на пациенти, објваија Вечерње новости.

Најдолгите листи на чекање се за замена на колк и операција на колено.

Многумина се одлучуваат за хируршка интервенција, но остануваат без одговор на прашањето што е причината за толку долгите листи на чекање, наведува весникот. Како причина за долгогодишното чекање за импланти на колк и операција на коленото, поранешната министерка за здравство Даница Грујичиќ рече дека мисли дека намерно се прават долги листи на чекање, за луѓето кои не знаат да одат биле принудени да плаќаат за приватни операции.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари