Во напад на израелско беспилотно летало во околината на градот Шакра, на југот на Либан, денеска загинаа две лица, а уште три се ранети, меѓу кои и едно дете, соопшти либанската цивилна одбрана.
Тамошната спасувачка служба не прецизираше дали војниците или цивилите загинале, пренесува Ројтерс.
Агенцијата соопшти дека ова е прв израелски напад врз Либан кој резултирал со жртви по ракетниот напад во саботата на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 деца и тинејџери, за што Тел Авив го обвини Хезболах.
The post Двајца загинати и тројца ранети во напад на израелски дрон во Либан appeared first on Локално.