back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
дома(ФОТО) Публик...

(ФОТО) Публиката не простува – Силувач на девојче бил гласно исвиркан за време на неговиот настап на Олимписките игри

Холандскиот одбојкар на плажа Стивен ван де Велде (29), осуден за силување малолетничка во 2016 година, бил исвиркан кога денеска се појавил на својот прв натпревар на олимпискиот турнир на стадионот кај Ајфеловата кула.
Имено, Ван де Велде бил осуден на четири години затвор откако признал дека силувал 12-годишно девојче, а по отслужувањето на дел од казната во Велика Британија и Холандија, во 2017 година се вратил на одбојката и бил избран за Олимписките Игри.
Утрово тој влегол на теренот со својот соиграч Метју Имерс со овации и аплаузи на многубројните присутни холандски навивачи бидејќи одбојката на плажа е многу популарен спорт во Холандија.

Но, кога бил претставен поединечно, публиката почнала да го исвиркува, што не е изненадување бидејќи неговото присуство на Игрите предизвика револт кај бројните здруженија кои ги бранат правата на жените и се борат против насилството во спортот.
Холандскиот олимписки комитет пред неколку дена соопшти дека играчот ќе се држи настрана од другите спортисти, дека ќе му биде ускратено Олимпиското село и дека нема да разговара со новинарите.

„Не можам да се вратам назад, па ќе морам да ги сносам последиците“, изјавил Ван де Велде, кој, според Холандската одбојкарска федерација, признал дека ја направил „најголемата грешка во својот млад живот“.
Инаку, Холанѓаните на крајот загубија со 2:1 од италијанската двојка Рангиери/Карамбула.

Фото: Принтскрин/Twitter

The post (ФОТО) Публиката не простува – Силувач на девојче бил гласно исвиркан за време на неговиот настап на Олимписките игри appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари