back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТДвојна победа...

Двојна победа и славје за Мерцедес во Спа, Расел со потег на годината во Ф1

Трката на патеката Спа Франкошамп за ГН на Белгија секогаш носи големи возбудувања во Формула 1.

Така се покажа денеска, а до голема еден-два победа стигнаа пилотите на Мерцедес, Расел и Хамилтон.

Расел стигна до втората победа во сезоната откако само една ги посети механичарите и извозе дури 34 круга до крај со истите гуми.

Овој потег се покажа како победнички и слободно можеме да го прогласиме за потег на годината во Ф1.

Мерцедес покажа дека има моќни болиди, а славеше на три пати во последните четири трки.

Луис Хамилтон заврши втор, а Оскар Пјастри од Мекларен имаше само 1,2 секунди заостанување зад победникот заврши трет.

Шампионот Верстапен заврши на петтото место, а пред него беше и Леклер кој стартуваше од пол позицијата и ова е шеста трка по ред на која не победува пилотот кој тргнал од пол-позиција.

Бодови освоија уште и Норис, Саинц, Перез, Алонсо и Окон.

Верстапен е лидер со 275 бода, Норис е втор со 197, трет е Леклер со 174, па следуваат Пијастри со 164, Саинц со 160, Расел со 143 и Хамилтон со 141 бод.

Следната трка се вози за еден месец на 25-ти август во Германија на патеката Зандворт, бидејќи следува пауза во Ф1.

The post Двојна победа и славје за Мерцедес во Спа, Расел со потег на годината во Ф1 appeared first on .

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари