back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Туристите нека му ја мислат: Мајорка ќе му стави крај на „резервирањето“ место на плажа со пешкир

Властите на шпанскиот остров Мајорка одлучија да стават крај на практиката туристите рано наутро да трчаат на плажите и да си го „резервираат“ најдоброто место оставајќи пешкири на лежалките.

Почнувајќи од следната година, пет плажи во главниот град Палма де Мајорка ќе ја променат оваа практика, вклучувајќи ја и познатата Плаја де Палма долга шест километри. Ќе биде потребна онлајн резервација, слично на купување на авионски билет или билет за воз или автобус.

Туристите кои нема да го почитуваат новото правило и ќе остават пешкир на избрана лежалка или чадор се соочуваат со парична казна. Покрај тоа, спасувачите ќе можат да ги вадат крпите.

Дневната такса за место на плажа е до 18 евра.

Иако спасувачите веќе се обидуваат да ги спречат овие трки со пешкири, снаодливите туристи почнаа да ги обележуваат своите посакувани места со лепење крпи во чадори. Затоа, нивното отстранување бара повеќе време за спасувачите.

Идниот систем треба да има можност и за резервирање место за само неколку часа. Засега се нуди само целодневната тарифа. Сепак, опсегот на цените за следната година сè уште не е одреден.

Покрај тоа, петте гореспоменатите плажи – Ciutat Jardí, Cala Estància, Playa de Palma, Can Pere Antoni и Cala Major – ќе бидат опремени со камери на соларна енергија, за операторите да можат да следат што се случува на плажата. Ќе им помогнат и дронови.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари