back to top
1.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТЗахарова: Зап...

Захарова: Западот му нареди на Киев да ја уништи енергетската соработка меѓу Русија и Европа

Западот и нареди на Украина да ја уништи руската енергетска соработка со европските земји, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова во интервју за „Известија“.

– Една од задачите на таканаречениот колективен Запад, првенствено Вашингтон и Лондон, која беше доделена на режимот во Киев и за која добро платија, беше стабилната енергетска соработка меѓу Русија и земјите од Западна Европа да ја претвори во бескрајна зона на турбуленции, бескраен нерешлив проблем, иако воопшто нема проблем – рече Захарова.

Таа потсети на поткопувањето на „Северен тек“, карактеризирајќи го како „последна фаза на подлост“ од страна на Западот.

Словачка и Унгарија претходно апелираа до Европската комисија поради дејствијата на Украина, која го суспендираше транзитот на нафта од руската компанија „Лукоил“ низ нејзина територија.

The post Захарова: Западот му нареди на Киев да ја уништи енергетската соработка меѓу Русија и Европа appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари