back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТВИДЕО: Нов на...

ВИДЕО: Нов напад на руска територија, запалено складиште за нафта

Како резултат на напад на украински беспилотни летала, избувнал пожар во складиште за нафта во областа Курск, изјави вршителот на должноста гувернер на Курската област Алексеј Смирнов.

Никој од жителите или работниците на индустрискиот објект не е повреден“, напиша Смирнов на својот канал Телеграм.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 82 пожарникари и 32 единици специјална опрема, пренесува РИА Новости.

Пожарот во еден од цистерните е изгаснат, додаде Смирнов.

Претходно, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле седум украински беспилотни летала – два над Курск и пет над регионот Белгород.

Текстот ВИДЕО: Нов напад на руска територија, запалено складиште за нафта е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари