Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Белгија во Формула 1, но Шарл Леклер во Ферари ќе стартува од првото место.
Холанѓанецот го освои деветтиот пол сезонава и 41. во кариерата, но поради промената на погонската единица ќе биде преместен на 11. позиција на стартот од неделната трка.
Најблиску до трикратниот светски шампион беше Леклер со шест десетинки заостанување, па ќе ја наследи првата стартна позиција, пред вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез и Луис Хамилтон во Мерцедес.