back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТЃоковиќ и Алк...

Ѓоковиќ и Алкараз лесно ја минаа првата олимписка пречка

На терените на „Роланд Гарос“ во Париз, се играат натпреварите на тенискиот олимписки турнир. Топ фаворитите за олимпиското злато, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, лесно ја минаа првата пречка.

Србинот кој е прв носител на турнирот, за само 54.минути, го совлада Австралиецот, Метју Ебден. Ѓоковиќ на противникот му препушти само еден гем (6-0 и 6-1). Во второто коло Ѓоковиќ го чека победникот од мечот меѓу Рафаел Надал и Унгарецот, Фушович.

Подолго на теренот мина Карлос Алкараз кој играше 72 минути. Шпанецот со 6-3 и 6-1 беше подобар од Мароканецот, Хабиб. Следен противник на Алкараз ќе биде подобриот од дуелот меѓу Британецот, Нори и Холанѓанецот, Греикспор.

The post Ѓоковиќ и Алкараз лесно ја минаа првата олимписка пречка appeared first on .

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари