back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТЃоковиќ со по...

Ѓоковиќ со победа на стартот на Олимписките игри

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на тенискиот турнир на Олимписките игри „Париз 2024“: го декласираше Метју Ебден, а резултатот беше 6:0, 6:1.

Српскиот ас на теренот на „Филип Шатрије“ покажа дека е во добра форма и дека повредата на коленото е минато.

Тој на најдобар можен начин ја отвори Олимпијадата и најави дека е подготвен да се бори за златниот медал.

Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6:0, прилично лесно и убедливо по само 25 минути, а слично беше и во вториот сет.

Новак рутински направи се до крај и така го отвори патот за вториот круг и евентуалниот меч од соништата, со својот стар ривал Рафаел Надал.

Текстот Ѓоковиќ со победа на стартот на Олимписките игри е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари