back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАВлада: Не е и...

Влада: Не е именуван в.д. заменик директор на КПД Идризово, СДСМ да не шири дезинформации во јавноста

Во однос на прес-конференцијата на политичката партија СДСМ го истакнуваме следново:

Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен.

Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада.

Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело.

Апелираме СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста, реагираат од Владата.

Текстот Влада: Не е именуван в.д. заменик директор на КПД Идризово, СДСМ да не шири дезинформации во јавноста е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари