back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТАвганистанска...

Авганистанската Влада не ги признава жените што заминаа за Париз

Талибанската Влада „не го признава“ учеството на три жени од авганистанската делегација на Олимписките игри во Париз, изјави спортски портпарол, а пренесе АФП. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) покани тим од шестмина авганистански спортисти, тројца мажи и три жени, во консултација со Авганистанскиот олимписки комитет. Неколкумина негови членови се во егзил. ИОК соопшти дека не се консултирал со Талибанците што не биле поканети на Игрите, за ова прашање.

  • Само тројца спортисти го претставуваат Авганистан – рече Атал Машвани, портпаролот на талибанската Влада за спорт, за АФП, мислејќи на тоа тројцата мажи да бидат дел од националниот тим.

Избраните три жени и двајца мажи, велосипедисти, спортисти и пливачи, живеат во странство. Единствениот што останува во Авганистан е џудист. Марк Адамс, портпарол на ИОК, минатиот месец изјави дека Авганистанскиот олимписки комитет, чиј претседател и генерален секретар се во егзил, е „единствената точка за контакт за подготовките и учеството на авганистанската репрезентација“.

Сепак, генералниот директор на Авганистанскиот олимписки комитет, Мохамад Пајенда Ахтари, кој живее во Авганистан, потврди дека иако учеството на жените било организирано во странство, неговиот комитет соработувал со талибанците за учеството на мажи.

  • Ние сме одговорни само за тројцата мажи што учествуваат на Игрите – изјави тој за АФП.

Авганистанските спортисти што ќе учествуваат на Игрите во Париз, ќе го сторат тоа во боите, црна, зелена и црвена, на стариот режим, кој беше соборен од талибанците во летото 2021 година, по повлекувањето на американските војници. Откако се вратија на власт пред три години, талибанците ги заострија условите за живот на Авганистанките, забранувајќи им да спортуваат и да студираат.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари