Организаторите на Олимписките игри во Париз официјално објавија дека е подобрен досегашниот рекорд за продадени билети во историјата на Игрите.
Неколку часа пред вечерашното свечено отворање, организаторите објавија дека досега се продадени и подарени вкупно 9,7 милиони билети. Од нив продадени се 8,7 милиони, а еден милион првенствено се наменети за лицата со посебни потреби, за љубителите на спортот и за помладата популација.
Организаторите решија да подарат билети по многуте критики дека цените на билетите се превисоки за многумина.
The post Игрите во Париз ќе бидат најпосетените во историјата appeared first on Локално.