back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
дома(ВИДЕО+ФОТО) ...

(ВИДЕО+ФОТО) „Кога ќе се случат уште две работи, ќе се пензионирам“: Новак сонува и на 37 години, а тоа нема врска со медали!

Новак Ѓоковиќ лани најави во кој случај ќе се повлече од спортот, а тоа нема врска со Грен слемови, медали…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има 37 години и по петти пат учествува на Олимписките игри во Париз. Од почетокот на сезоната не потсетува дека атакот на златниот медал, единствениот што недостасува, е најголемата цел во 2024 година. Затоа многу работи оваа сезона подреди на неа, па не е загрижен што нема освоено ниту една титула во календарската година, иако многумина тоа го искористија за да нагласат дека не може да освои медал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Играчите на негова возраст веќе ја завршија кариерата, или полека се збогуваат, па се создала необичната навика да го ставаат Ѓоковиќ во ист кош со Надал, Мареј… Со почит од колегите, Ѓоковиќ изјави дека се уште не размислува за откажување и дека уште долго ќе игра тенис. На задоволство на сите нас, но можеби и помалку на некои други.

„Не размислувам за пензија, иако знам дека многумина би сакале да ме видат како се повлекувам и се пензионирам. Алклараз и Синер сега се млади и најдобри тенисери во светот, тука сум 15 години и сум видел многу генерациски промени мислам дека е одлично што се тука
но мислам дека е убаво што сум јас тука после 15 години. Секако, крајот е поблиску од почетокот и ќе продолжам да се натпреварувам додека повеќе нема да уживам“, изјави Новак Ѓоковиќ, чиј поранешен тренер Горан Иванишевиќ дури најави дека можеме да го очекуваме на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

А, знаете ли дека Новак Ѓоковиќ веќе кажа кој е „условот“ да се пензионира? Не се годините, ниту повредите, Ноле во ланското интервју за „L’Ekip“ раскажал за неисполнетиот сон во спортот. Станува збор за детски соништа, какои сите ние и Ѓоковиќ исто таа има спортски идоли и сториските средби со нив би му го смениле мислењето да продолжи да игра тенис.
„Алберто Томба е мојот идол. Фантастично момче, првпат го запознав во Србија пред околу петнаесет години. Се уште се сеќавам на тоа. Тоа беше вечера на која беа присутни многу луѓе, седев до него и бев неверојатно среќен поради тоа. Тој беше толку забавен, Со мене зборуваше за се освен за скијање, а јас сакав да дознаам неколку технички работи. Ми рече дека нема муабет за скијање, ајде да зборуваме за забавите, за животот- рекол Новак Ѓоковиќ со насмевка, а потоа додал:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

„Играв тенис со Пит Сампрас, уште треба да скијам со Томба и да играм кошарка со Џордан. После тоа можам да се повлечам од сите спортови“, раскажал Новак кој инаку е вљубеник во сите спортови, па најавил дека ќе се потруди да ги поддржи сите српски спортисти што е можно повеќе во Париз.
А што се однесува до пензија, ни останува да посакаме кошарката со Џордан и скијањето со Томба да чекаат што подолго, тоа може и во четириесеттите!

Фото: Принтскрин/Instagram

The post (ВИДЕО+ФОТО) „Кога ќе се случат уште две работи, ќе се пензионирам“: Новак сонува и на 37 години, а тоа нема врска со медали! appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари