Две возила се судрија ноќва, по што едното заврши во оградата кај Министерството за економија. Сообраќајката се случи некаде половина час по полноќ на раскрсницата од улиците „Рузвелтова“ и „Народен фронт“ во Капиштец.
Предната страна на едното возило е целосно смачкана, додека другото се излизга и удри во ограда.
Полицијата изврши увид на лице место и повеќе детали ќе се знаат во текот на денот.
Ова е крстосница која не е регулирана со семафор.
The post Тежок судир ноќва во Капиштец appeared first on Република.