back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЕКОНОМИЈАУНИ Банка со ...

УНИ Банка со намалена добивка

УНИ Банка во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 156,666 илјади денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

Истата е намалена во однос на лани истиот период кога изнесувала 234,540 илјади денари.

-Остварените вкупни приходи од работење во првото полугодие од 2024 година изнесуваат 1.132 милиони денари  и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 11.3%.

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 156,7 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 66.8% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период од 2023 година се зголемени за 14.2%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Остварените расходи во првото полугодие од 2024 година изнесуваат 975,4 милиони денари и бележат зголемување од 24.6% во однос на истиот период од 2023 година.

Зголемувањето на расходите се должи на зголемувањето на расходите за камати, поголемиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити, како и  на зголемувањето на административните расходи, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка со зголемени приходи во првите три месеци

Кои се Владислав Хаџидинев и Милка Тодорова кои се реизбрани за членови на УО на УНИ Банка

The post УНИ Банка со намалена добивка appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари