Денеска во Париз, Франција официјално започнуваат Летните олимписки игри.
За време на церемонија на отварањето на реката Сена, градот ќе го чуваат 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 лица од приватни компании за обезбедување, пренесува агенцијата Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Летните олимписки игри во Париз ќе бидат први кои ќе се отворат надвор од стадион
Франција како дел од големата безбедносна операција, стави 155 лица под мерки за надзор кои строго го ограничуваат нивното движење според законот за антитероризам.
Израелските натпреварувачи ќе бидат придружувани од елитни тактички единици, а истите ќе имаат 24-часовна заштита за време на Олимписките игри..
Десетици светски лидери ќе бидат во Париз на свеченото отворање, кое ќе биде заштитено со снајперисти на покривите. Коритото на реката Сена е исчистено од бомби, а воздушниот простор на Париз ќе биде затворен.
Авиони за радарски надзор и беспилотни летала Reaper ќе ги надгледуваат чувствителните локации одозгора, а борбените авиони Мираж 2000 ќе бидат во состојба на подготвеност за пресретнување авиони што евентуално ќе залутаат во ограничен воздушен простор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Запознајте ги судиите од Македонија кои ќе судат на Летните олимиски игри во Париз
Видео/фото: FRANCE 24 English
The post (Видео) Париз како воена зона, денеска се отвараат Летните олимписки игри appeared first on еМагазин.