back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАСДСМ: Горда М...

СДСМ: Горда Македонија со понижени работници, ВМРО-ДПМНЕ сака евтина работна сила

Нема пари за поголеми плати со ребалансот. Наместо горди работници како што ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе имаме понижени работници. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа старата нивна политика на евтина работна сила, каде работниците секогаш се на последно место, велат од СДСМ.

– Од друга страна, Мицкоски им товари нови долгови на граѓаните со скапи и неповлни кредити од Унгарија.Овие погрешни погрешни политики и економски утки водат кон заголемување на долгот од над 68% и огромен буџетски дефицит покачен за 35%. ВМРО-ДПМНЕ целосно го урива финансискиот систем граден со години, воведува должничко ропство и ги понижува работниците. 30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најлош почеток на било која Влада досега.Ветуваа планини и долини а ништо не испорачаа, се вели во соопштението од СДСМ.

Текстот СДСМ: Горда Македонија со понижени работници, ВМРО-ДПМНЕ сака евтина работна сила е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари