Полскиот атлетичар Норберт Кобјелски е привремено суспендиран поради допинг, непосредно пред почетокот на Олимписките игри во Париз, соопшти Атлетската агенција за интегритет (АИУ).
На ЕП во Глазгов, тој го освои седмото место, а на Светското првенство во Будимпешта беше 10. во дисциплината скок во височина.
АИУ соопшти дека Кобјелски е привремено суспендиран поради позитивен тест на метаболитот норефедрин пентедрон.
Тој требаше да ја претставува Полска на Игрите, кои започнуваат утре, а квалификациите за скок во височина се закажани за 7 август.