Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, ја започна потрагата по наследникот на белгискиот интернационалец Кевин де Бруин. Офанзивниот играч за врска влегува во последната година од актуелниот договор и затоа челниците на Сити ќе се обидат да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Кристал Палас, Еберечи Езе, кој е проценет на 70 мил. евра.