back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Два земјотреси во Македонија – почувствувани во Берово, Делчево и околината!

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје.
Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда ML3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала.

The post Два земјотреси во Македонија – почувствувани во Берово, Делчево и околината! appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари