back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

(ФОТО) Ново испитување – Оваа актерка е најубавата жена на светот според златниот пресек

Новото истражување покажа дека американската актерка Ања Тејлор-Џој е најубавата жена на светот според златниот пресек.
Нејзината убавина била проценета со помош на античкиот грчки пресметковен метод наречен златен пресек. Значи со него се одредува физичкото совршенство на една личност. Колку лицето е поблиску до пропорциите 1:1.618, толку личноста е „посовршена“.
Нејзините очи, веѓи, носот, усните, вилицата и обликот на лицето се измерени и се најблиску до идејата на старите Грци за „жена со совршен изглед“. Последниот преглед го направи хирургот Џулијан Де Силва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anya Taylor-Joy (@anyataylorjoy)

Ања го зазеде првото место со резултат од 94,66 проценти. На листата се најдоа и Зендаја (94,37 отсто), Бела Хадид (94,35 отсто), Маргот Роби (93,43 отсто), Сонг Хи-Кио (92,67 отсто), Бијонсе (92,4 отсто), Тејлор Свифт (91,64 отсто), Џанг Зији (91,51 отсто), Алија Бат (91,14 проценти) и Назанин Бониади (90,89 проценти).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anya Taylor-Joy (@anyataylorjoy)

„Ања Тејлор-Џој беше јасен победник откако беа измерени сите делови на лицето за да се утврди физичкото совршенство“, рекол Де Силва.
Ања е родена во 1996 година. Почнала да глуми во 2013. Светската слава ја стекна благодарение на серијата на Нетфликс „The Queen’s Gambit“. Таа глумела и во филмовите „Furiosa: A Mad Max Saga“, „The Super Mario Bros. Movie“, серијата „Peaky Blinders“ итн..

Фото: Принтскрин/Instagram

The post (ФОТО) Ново испитување – Оваа актерка е најубавата жена на светот според златниот пресек appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари