back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Да се вклучат невработени лица во програмата за општинско-корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“, за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од девет месеци, за стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот, да се пријават во Агенцијата за вработување – Центар за вработување – Битола.

Работните позиции што се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирањето: образовен асистент, асистент за ученик со тешкотии, асистент едукатор, фасцилитатор во инклузивен центар за деца од ранливите групи, едукатор во Регионалниот ресурсен центар за слепи лица и лица за оштетен вид, едукатор толкувач на знаковниот јазик, негувател во старечки дом, негувател на стари и изнемоштени лица во домашни услови, воспитувач во детска градинка, негувател во детска градинка.

Евидентираните невработени лица што немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и од здравствената сфера, согласно со услугата што треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата, при што три месеци ќе добијат задолжителна обука и шест месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува девет месеци, во кои влегуваат обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица што ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“, ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часа неделно, при што во текот на задолжителната обука од три месеци за лицата што не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и од здравствената сфера, согласно со услугата што треба да се испорачува и во текот на работниот ангажман од шест месеци/ девет месеци, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица корисници на паричен надоместок и на корисниците на право на гарантираната минимална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно, претходно остварено право.

Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата што за прв пат се јавуваат за учество во неа.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари