back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЕКОНОМИЈАССМ: Со држав...

ССМ: Со државни пари, да не се богатат газдите на грбот на граѓаните и работниците

Владата претпазливо да постапува со планот да го помогне стопанството со 250 милиони евра од кредит, да не ги прави истите грешки што ги правеа претходните влади, кои им даваа финансиска поддршка на компаниите, голем дел од нив ја злоупотребија, не ги дадоа ниту платите на работниците и ја изиграа државата и денеска токму ние, работниците и граѓаните, ги враќаме кредитите за таа намена, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

– Истите тие работодавци што ја очекуваат поддршката од Владата од 250 милиони евра, го поткрадуваат буџетот за исто толку 250 милиони евра, кои не влегуваат во државната каса поради непријавените работници, кои сочинуваат 11,8 % од вкупниот број вработени. Не ја гледаме оправданоста работодавците да добијат половина милијарда евра на подарок од државата (пари од кредитот и пари кои работодавците не ги плаќаат во буџетот, а кои потоа ги враќаат и работниците и граѓаните), а Владата и работодавците да имаат изговор за да не се зголеми минималната плата веднаш на 450 евра, како и да не се зголемат платите во приватниот и во јавниот сектор – потенцираат од ССМ.

Оттаму тврдат дека синдикатите можат да имаат активна улога во контролата и во спречувањето на злоупотребата на овие средства ако главен критериум биде да се доделат средствата на компании што го почитуваат социјалниот дијалог, немаат злоупотребено буџетски средства, не се казнувани за прекршување на работничките права и имаат синдикат на ниво на работодавец. Во спротивно, сè ќе биде подарок или злоупотреба.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари