Богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал Ахли, планира да ангажира нов напаѓач до крајот на летниот преоден рок. Според британските медиуми, челниците на Ал Ахли планираат во следните неколку дена да испратат понуда за бразилските интернационалци од редовите на лондонските премиерлигаши Арсенал и Тотенхем, Габриел Жезус и Ричарлисон.