back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час)

Следува постепена стабилизација на атмосферата во Македонија. Сепак, денес како и утре (петок) очекуваме нешто попријатно, односно посвежо време, а особено свежо ќе биде во ноќните и во раните утрински часови кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 17 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Во Скопје минималната температура се очекува да се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.

Сепак и покрај претежно стабилното и суво време, ќе биде ветровито. Односно, ќе дува умерен, повремено и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец (повремено со брзина до околу 60 км/час). И во Скопскиот регион повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

The post Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час) appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари