back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТГерманија и Т...

Германија и Турција во конфликт: Ги скара „донер кебаб“!

Германија и Турција се судрија околу традиционалниот специјалитет „донер кебаб“, а Берлин се жали на обидот на Турција популарната улична храна да добие заштитен статус во ЕУ, како што е шпанската серано шунка или неаполска пица.

Спорот околу специјалитетот започна во април кога Турција поднесе барање за регистрирање на името „донер“ како „загарантиран традиционален специјалитет“ низ Европа, што значи дека етикетата може да ја користат само производителите кои следат одредени методи на производство и спецификации за месото, од кое се прави ќебап, пренесува АП.

Германија тврди дека тоа ќе создаде огромни бирократски пречки и ќе ја зголеми цената на популарното јадење.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари