back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТЈунајтед му ј...

Јунајтед му ја даде „деветката“ на Хојлунд

Легендарниот број 9 на Манчестер Јунајтед сега ќе го носи Расмус Хејлунд, потврдија од клубот.

Данецот досега играше со бр.11, превземајќи го бр.9 од Ентони Марсијал, кој си замина ова лето, а тоа е исто така знак дека менаџерот Ерик тен Хаг има зголемена доверба во него.

Напаѓачот се подготвува за својата втора сезона со „црвените ѓаволи“ по несигурната прва кампања во која постигна 5 голови во групите од Лигата на шампионите, но му требаа 15 натпревари за да се запише во листата на стрелците во Премиер лигата.

Сепак, следеа повеќе голови и Хојлунд стана најмладиот играч во историјата кој постигнал гол во 6 последователни натпревари во Премиер лигата, завршувајќи ја сезоната со вкупно 16 гола во сите натпреварувања.

„Дејли Мејл“ забележува дека легендата Рајан Гигс играл со бр.9, како и напаѓачи како Златан Ибрахимовиќ и Димитар Бербатов.

Новата конкуренција на Хојлунд во нападот на Јунајтед – Џошуа Зиркзе ќе го земе бројот 11, кој го ослободи данскиот интернационалец.

The post Јунајтед му ја даде „деветката“ на Хојлунд appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари