back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТХрватска прог...

Хрватска прогласи за непожелни тројца црногорски функционери поради нарушување на добрососедските односи

Хрватска прогласи три лица од Црна Гора за непожелни поради „систематски дејствија за нарушување на добрососедските односи со Република Хрватска и континуирана злоупотреба на Република Хрватска за внатрешни политички цели“. Одлуката на МНР на Хрватска се однесува за Андрија Мандиќ, претседател на Парламентот на Црна Гора, Милан Кнежевиќ пратеник во Парламентот на Црна Гора и Алекса Бечиќ, вицепремиер на Црна Гора.

-Министерството за надворешни и европски работи изразува жалење што мнозинството во Собранието на Црна Гора одлучи да ги игнорира континуираните повици на Република Хрватска да не презема потези ш можат негативно да влијаат на нашите билатерални односи и на европскиот пат на Црна Гора.

Во тој контекст, се издвојуваат постапките на споменатите политички функционери, кои нивните постапки не можат да се сметаат за добронамерни и добрососедски во однос на Република Хрватска, ниту пак се во согласност со декларираната цел за членство на Црна Гора во Европската Унија, наведуваат од МНР на Хрватска.

The post Хрватска прогласи за непожелни тројца црногорски функционери поради нарушување на добрососедските односи appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари