back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАТошковски ќе ...

Тошковски ќе се сретне со Дачиќ на ГП „Табановце“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска во 12 часот на интегрираниот граничен премин Табаноце-Прешено ќе се сретне со потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Според информациите, за време на обиколката на граничниот премин, министрите Тошковски и Дачиќ ќе ја поддржат и промовираат кампањата „Вози одморен“ што на овој премин заеднички ја спроведуваат Советот за безбедност на сообраќајот на Република Северна Македонија и Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија.

По посетата на граничниот премин, предвидено е двајцата министри да дадат изјави за медиумите.

The post Тошковски ќе се сретне со Дачиќ на ГП „Табановце“ appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари