Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички во боја (6.500 на цела територија) за да се избегне нивната злоупотреба, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски во гостувањето на ТВ Алфа.
Правилникот е донесен и се чека на потпис на министерот за внатрешни работи.
Предлогот за воведување регистарски таблички со посебна боја, што ќе овозможи лесно идентификување на службените возила, првично е иницирана од претходниот состав на Антикорупциската комисија, а на 17 септември годинава Владата на предлог на СОЗР донесе одлука за воведување посебни регистарски таблички во боја за автомобилите на државните институции.
Извор/ТВ Алфа
The post 6.500 службени возила ќе добијат специјални регистарски таблички во боја, за да се спречи злоупотреба appeared first on еМагазин.