23 години од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак

    23 години од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак

    Заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од началникот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова, денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен-плочата на бранителите кај месноста Карпалак.

    Десеттемина прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет.

    Во спомен на бранителите, во родниот град на македонските херои, Прилеп, ќе биде оддадена почит и ќе бидат положени венци со свежо цвеќе пред комплексот Карпалак.

    Текстот 23 години од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version