Најдобриот кошаркар на светот на сите времиња, Мајкл Џордан присуствуваше на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите меѓу Монако и Барселона.
Средбата одиграна синоќа во Монте Карло заврши со резултат 2:1 во корист на домаќините.
Голем број навивачи го искористија присуството на поранешниот НБА-играч и предводник на Чикаго булс, да направат селфи.
Џордан во ВИП ложата на стадионот „Луј Втори“ имаше средба со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.
The post Џордан сака Лига на шампиони appeared first on Република.