Џенифер Лопез покажа кому му припаѓа нејзиното срце/ФОТО

Џенифер Лопез покажа кому му припаѓа нејзиното срце/ФОТО

Џенифер Лопез вчера им додели признание на своите деца, близнаците Ема и Макс. Таа ги објави нивните слики на Инстаграм.

Пред очите на 250 милиони следбеници ја отвори душата.

Целото мое срце“, напишала 55-годишната ѕвезда под сликите на 16-годишните близнаци.

Има и фотографија на која Ема и Макс како се гушкаат кога биле мали.

Фотографијата  за помалку од еден ден собра речиси 900.000 лајкови, а следбениците напишаа дека Лопез е најдобрата мајка на светот.

Се се случува во моменти додека целиот свет чека јасна информација дали Лопез и Бен Афлек се разведуваат.

Најверојатно Лопез со овој потег покажа кој и дава најголема поддршка во бурниот период.

Афлек има три деца со неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Гарнер.

Exit mobile version