За кампањата на седумте претседателски кандидати се потрошија над 5,7 милиони евра од државниот буџет. Тоа е три четвртини од вкупната сума за кампањата за претседателските избори. Антикорупционерите бараат да се укине државното финансирање, што не беше направено со последните измени во Изборниот законик.