back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЕКОНОМИЈАЌе се пушти п...

Ќе се пушти пругата Битола-Лерин? Мицкоски: Еден по еден ги решаваме експонатите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ќе се врати железничката линија за Грција од Битола до Лерин, но без конкретен одговор кога тоа би се случило.

-Многу експонати ни оставија. Многу споменици. Сите еден под еден ги решаваме, така и оваа секција ќе биде решена. За жал, многу експонати, многу лоповлук, многу лоповлук и многу криминал. Паралелно тие две работи и ги решаваме технички, но и го решаваме лоповлукот и криминалот, кажа Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање и констатација дека „пругата стои како експонат“.

Се уште се чека да свирне возот по новата пруга. Во 2022 година, оптимистички беа најавите на Македонски железници – инфраструктура, според кои, за еден месец требаше да почне да сообраќа патнички воз од Битола до Лерин по новонаправената  железничка пруга Битола-Кременица. Сепак до денес нема остварување.

Железници – инфраструктура уште тогаш ја доби и употребната дозвола за пругата издадена од Министерството за транспорт и врски.

Железничката пругата од Битола до пограничното село Кременица, на самата гранична линија со Грција е во должина од 17 километри. Крак со станица за претовар има и во индустриската зона „Жабени“ кај Битола, покрај која минува пругата. Со проектот се изградија 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и објект за сигнализација и телекомуникации на потегот меѓу Битола и Кременица.

The post Ќе се пушти пругата Битола-Лерин? Мицкоски: Еден по еден ги решаваме експонатите appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари