Дефанзивецот на ПСЖ, Милан Шкрињар има договор за трансфер во Јувентус, откако останува само уште клубовите да се договорат за висината на обесштетувањето.
Поранешниот капитен на Интер, Милан Шкрињар со големи амбиции замина во ПСЖ, но таму не се прослави, не е среќен па сака да се врати во Серија А.
Јувентус веќе постигнал договор за личните услови со Шкрињар.
Во наредниот период останува ПСЖ и Јувентус да се обидат да се договорат за реализација на овој трансфер кој би се случил во јануарскиот преоден рок.