дома СПОРТ Јокиќ со троп...

Јокиќ со троп-дабл не му помогна на Денвер да го победи Далас (ВИДЕО)

Oткако ги пропушти последните три натпревари, Никола Јокиќ се врати во тимот на Денвер за натпреварот против Далас. Иако Србинот одигра брилијантен натпревар сепак „Негетс“ загуби со 120-123.

 Јокиќ оствари трипл-дабл со 33 поени, 17 скока и десет асистенции, но Денвер го претрпе тртиот пораз на последните четири натпревари.

Кај Далас го немаше повредениот Лука Дончиќ, па Наџи Маршал беше најефикасен со 26 поени, а Пи Џеј Вашингтон додаде 22 поени и 13 скока.

Четврта последователна победа, а седма во низа на домашен терен, забележа Лос Анџелес Клиперс. Синоќа „Клиперси“ славеа против Сакраменто со 104:88. Ова беше трет пораз за гостите во последните четири натпревари.

Џејмс Харден го предводеше тимот до победата со 22 поени, шест скока и девет асистенции. Најдобар кај „Кралевите“ беше Де’Арон Фокс со 29 поени, а Домантас Сабонис додаде 24 поени и 15 скока.

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Филаделфија – Бруклин 113-98, Вашингтон – Бостон 96-108, Њу Орлеанс – Голден Стејт 108-112, Чикаго – Атланта 136-122, Хјустон – Портланд 116-88, Милвоки – Индијана 129-117.

The post Јокиќ со троп-дабл не му помогна на Денвер да го победи Далас (ВИДЕО) appeared first on .

Exit mobile version