Принцот Вилијам, поранешен армиски офицер, го посети „Солсбери Плејн“ во јужна Англија и имаше тренинг сесија со велшката гарда. За таа прилика, Вилијам облече воена униформа.
Војниците му го покажале оружјето. За време на обуката тој управувал со дрон и пукал од снајпер и автомат. Инаку, Вилијам е полковник и таа функција ја извршува од 2022 година.
Фотографиите ги воодушевија обожавателките
Prince William ladies and gentleman. pic.twitter.com/aYCnTp2RIH
— Prince & Princess of Wales (@TribesBritannia) November 26, 2024
Оваа посета на принцот Вилијам беше фатена од фотографите.
Фотографиите го привлекоа вниманието на обожавателите на кралското семејство, кои коментираат дека Вилијам изгледа одлично во војничка униформа и со нов имиџ, брада и мустаќи.
Јас не сум од оние луѓе кои мислат дека принцот Вилијам е убав маж, но ова е добра слика“, „Дами и господа, принцот Вилијам“, „Колку е симпатичен“, се некои од коментарите.
The post Јас не сум од оние луѓе кои мислат дека принцот Вилијам е убав маж, но ова е добра слика, фотографиите од „Солсбери Плејн“ ги воодушевија обожавателките appeared first on Република.