back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТЈапонија, САД...

Јапонија, САД и Јужна Кореја потпишаа меморандум за одбранбени врски

Министрите за одбрана на Јапонија, САД и Јужна Кореја денеска потпишаа меморандум за трилатерални одбранбени односи како одговор на севернокорејските нуклеарни ракетни закани и други регионални безбедносни предизвици.

„Со потпишувањето на овој меморандум, нашата трилатерална соработка стана посилна и нема да попушти, дури и во услови на променети меѓународни околности“, изјави за новинарите јапонскиот министер за одбрана Минору Кихара по состанокот со неговиот американски колега Лојд Остин и јужнокорејскиот министер Шин Вон Сик во Токио.

Договорите во рамките на меморандумот, кои веќе стапија на сила, предвидуваат одржување годишни состаноци на министерско ниво, како и блиска размена на информации за севернокорејските ракети, рече Кихара.

The post Јапонија, САД и Јужна Кореја потпишаа меморандум за одбранбени врски appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари