back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАЈаневска: Во ...

Јаневска: Во ученичките и студентските домови има сериозни индиции за криминал

Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната Влада. Во некои од домовите има сериозни индиции за криминал и ќе поведеме соодветни постапки за да се побара одговорност од досегашните директори, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде нема топла вода и храна, а вработените не земале плата, затоа што создаден е долг од 34 милиони денари. Но, спречивме целосен колапс, интервентно издвоивме 5 милиони денари, за да можат да се исплатат барем платите и да се обезбеди здравствено осигурување“, рече Јаневска, додавајќи дека и државниот ревизор констатирал доста забелешки за работењето на претходната Влада во делот на ученичкиот и студентскиот стандард.

„Откриен е и случај во кој директор на дом купувал пилешко месо на големо по цена од 570 денари за килограм, иако малопродажната цена во маркетите била 270 денари и децата повторно реагирале дека не добивале доволна количина на храна“, информираше министерката.

Потенцираше и дека се срами од условите кои ги видела во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, каде капацитетот од 300 легла е пополнет само со 100 студенти, затоа што најголем дел од собите се тотално руинирани, како и санитарните јазли.

Текстот Јаневска: Во ученичките и студентските домови има сериозни индиции за криминал е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари