Ѓорческа поразена уште на стартот на УС Опен

Ѓорческа поразена уште на стартот на УС Опен

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите на Грен слемот во Њујорк.
Македонката ноќеска загуби од Јулија Риера (Аргентина) со 2:0, по сетови 7:6 (4) и 6:3.
Двете тенисерки сервираа по два аса, Лина имаше 6, а Риера 3 двојни грешки. Нашата репрезентативка реализира 3 брејк-топки од 8 можности, Аргентинката 4 од 7.
Ѓорческа во моментов е 193-та на ВТА ранг-листата, Риера е на 122. место

The post Ѓорческа поразена уште на стартот на УС Опен appeared first on Република.

Exit mobile version