Вечерва, на сцената на театарот Антон Панов во Струмица, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Пијани“ на Театарот од Штип.
Работена според текстот на рускиот писател Иван Вирипаев, а во режија на еден од најавтентичните македонски режисери, Дејан Пројковски, оваа претстава е една од најактуелните во земјава и регионот последниве години. Од некои означена како трагикомедија, а од други како филозофска комедија, „Пијани“ е пиеса за нашата современост и нас самите.
Цена на билет: 250 денари.
The post Штипскиот театар гостува во Струмица со претставата „Пијани“ appeared first on ekran.