back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТШојгу откри к...

Шојгу откри кои држави ќе бидат заштитени од рускиот нуклеарен чадор

Рускиот нуклеарен чадор, по ажурирањето на нуклеарната доктрина, се протега пред се на земјите од Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), соопшти секретарот на Советот за безбедност на Русија Сергеј Шојгу, по седницата на Советот на министри за одбрана и Комитетот на секретарите на Советот за безбедност на ОДКБ во Астана.

– Прво, сакам да кажам дека старата доктрина го предвидуваше и овој чадор, вклучително и за нашите сојузници. Тоа беше јасно кажано. Што се однесува до новата доктрина, нормално, таа се однесува на земјите од ОДКБ. Посебен додаток, ми се чини, се однесува на Белорусија – рече тој.

Шојгу потсети дека критериумите за употреба на нуклеарно оружје се доктрински пропишани – кога се врши агресија врз Белорусија со конвенционално оружје и кога постои закана за самото постоење на Белорусија.

Членки на ОДКБ се Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Ерменија.

The post Шојгу откри кои држави ќе бидат заштитени од рускиот нуклеарен чадор appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари