back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТШолц разговар...

Шолц разговарал со Путин за начините за ставање крај на војната во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на денешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин побарал Русија да покаже подготвеност за преговори со Украина и целта за праведен и траен мир и побарал Русија да ги повлече своите трупи од украинска територија.

-Шолц повторил дека Германија е решена да ја поддржува Украина во војната со Русија што е можно подолго, објави портпаролот на германската влада, а пренесува Ројтерс.

Портпаролот додал дека пред да му се јави на Путин, Шолц разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Разговорот меѓу Путин и Шолц траел околу еден час во текот на претпладневните часови.

Двајцата лидери последен пат разговараа во декември 2022 година.

The post Шолц разговарал со Путин за начините за ставање крај на војната во Украина appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари