дома СПОРТ Шведска ја по...

Шведска ја потврди фаворитската улога против Македонија

Ракометарките на Македонија со висок пораз од Шведска го почнаа настапот на Европското првенство што се игра во Унгарија, Австрија и Швајцарија. Вечерва во Дебрецин фаворитот Шведска славеше победа со (15:7).

Македонските ракометарки на стартот од дуелот поведоа со 3:1, но противничкиот тим брзо ја презеде контролата над играта и резултатот и дојде до водство. По водството на Шведска од 9:7, до крајот на првиот дел оваа репрезентација постигна шест голови, а серијата ја продолжија и на стартот на вториот дел и стигнаа до водство до 20:7. Македонските ракометарки постигнаа еден гол и набрзо Шведска со уште четири гол стигна до највисоките + 16 (24:8), кои ги имаше во уште два наврати. До крајот на натпреварот Македонија успеа да го намали високиот пораз и конечниот резултат беше 28:18.

Најефикасна на дуелот беше шведската репрезентативка Натали Хагман со 9 голови, додека кај Македонија по три голови постигнаа Ива Младеновска, Марија Јанкуловска, Јована Кипријановска и Сара Ристовска. Голманката на Македонија Јована МИцевска дуелот го заврши со 11 одбрани.

Во првиот натпревар од групата А во Дебрецин ко-домаќинот Унгарија ја совлада Турција со 30:24.

Македонија во следното коло в сабота игра против селекцијата на Турција.

The post Шведска ја потврди фаворитската улога против Македонија appeared first on .

Exit mobile version