Олимпискиот шампион во Токио во велосипедизам, Логан Мартин, бил ограбен во пресрет на своето патување за Париз. Тој доживеал непријатност непосредно пред да пристигне на Олимписките игри, бидејќи било провалено во комбето со неговата опрема, на последните подготовки во Брисел.
- Беше провалено во нашето комбе. За среќа, моите велосипеди не беа во тоа возило, иако имаше неколку торби и опрема. Навистина е лудо да се започне вака патувањето. За среќа, повеќето работи беа во нашата соба, успеавме да најдеме многу работи. Ми ги украдоа паричникот, ранецот и уште неколку работи, но не е толку лошо како што можеше да биде – изјави Мартин.
Reigning Olympic BMX freestyle champion Logan Martin’s van looted, equipment and wallet stolen days before Paris 2024 games
Via @wionsportsnews#LoganMartin #Olympics2024 #Paris2024 #Brussels #Belgium #Australia #BMXFreestyle pic.twitter.com/B77RFcigA6
— WION (@WIONews) July 25, 2024
Полицијата започна истрага, а сторителите допрва треба да бидат идентификувани.